Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија загуби од Норвешка на стартот на СП

Објавено

на

За „Дерби“ од Краков,
Ристе Влахов

Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз од Норвешка од 39-27 во првиот натпревар на Светското првенство кое се одржува во Полска и Шведска.

Нашите ракометари се обидуваа да се носат со фаворитот на оваа средба, имаа добри, но и лоши минути, моменти кои Норвежаните знаеја како да ги искористат и дојдат до посакуваниот резултат. Избраниците на Лазаров беа рамноправни првите 20 минути, но против скандинавците не е дозволен пад, грешки затоа што знаат тоа да го казнат, па така до крајот на првиот дел се стекна со позитива од 18-11.

Во вторите 30 минути бевме поефикасни во нападот, но и послаби во одбраната што на крајот ни донесе пораз со двоцифрена разлика. Сепак ништо не е готово, допрва пред нас се клучните битки за место во главната фаза, прво со Холандија на 15 јануари, а потоа два дена подоцна со Аргентина.

Талески со седум гола беше прв стрелец во нашиот табор, Манасков постигна пет, а Кузмановски и Петров по четири погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни