Поврзете се со нас

НБА

Мајами и Њу Орлеанс ги резервираа последните места во НБА плејофот

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/PelicansNBA

Екипите на Мајами Хит и Њу Орлеанс Пеликанс се последните патници во НБА плејофот, статус кој го изборија со победите на плеј-ин натпреварите против Чикаго Булс, односно Сакраменто Кингс.

„Жешките“ го немаа Џими Батлер во составот, но стигнаа до убедлива победа со резултат 112:91, а најрасположен во составот на Мајами бил Хиро со 24 поени. ДеРозан со 22 поени се истакнал кај Чикаго, но тоа не беше доволно да се избегне крај на сезоната за „биковите“.

Њу Орлеанс исто така славеше како домаќин со 105:98 и тоа без првата ѕвезда Зајон Вилијамсон, а најдобар поединец бил Инграм со 24 поени.

На спротивната страна, Фокс стигнал до 35 поени, Сабонис уфрлил 23, но и двајцата останаа без посакуваниот пласман во плејофот и веќе можат да размислуваат за следната НБА сезона.

Во првата рунда на плејофот, Мајами ќе се соочи со Бостон, додека противник на Њу Орлеанс ќе биде тимот на Оклахома Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни