Поврзете се со нас

Светски првенства

Луис Енрике поради бизарен инцидент задоцнил на стадионот во Севилја

Објавено

на

Шпанија вечерва го пречекува Косово на домашен терен во третото коло од квалификациите за Светското првенство, а медиумите од оваа пиринејска земја во фокусот ставија две работи пред почетокот на средбата која веќе е во тек.

Серхио Рамос одново беше изоставен од стартната постава поради техничка одлука на селекторот, кој пак имал бизарен инцидент и поради тоа дошол со огромно задоцнување на стадионот „Ла  Картуха“ во Севилја.

Луис Енрике и уште шест членови од неговиот стручен штаб се заглавиле во лифтот во хотелот во кој престојувале, па автобусот на Шпанија тргнал без нив на стадионот за играчите да имаат нормална подготовка за мечот.

Шпанскиот селектор пристигнал на стадионот непосредно пред почетокот на мечот и во последен час се вклучил во стандардниот протокол, па оваа бизарна и урнебесна ситуација сепак не ни го донесе најлудото отсуство на еден квалификациски меч за фудбалски мундијал.

Од друга страна, медиумите во Шпанија на големо говорат и за отсуството на капитенот Рамос, кој сега втор меч во низа не се најде во стартната постава во тимот кој го води Енрике, по што јасно е дека селекторот ќе мора да дава одговори по крајот на натпреварот со Косово.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни