Поврзете се со нас

АТП

Лопес: Ги очекувам Надал и Алкарас во Мадрид

Објавено

на

Рафаел Надал и Карлос Алкарас поради повреди нема да играат на Мастерсот во Монте Карло, но нивниот сонародник Фелисијано Лопес се надева дека двајцата ќе ги види на турнирот во Мадрид.

Лопес сега е директор на Мастерсот во шпанската престолнина и верува дека Рафа и Карлос ќе бидат подготвени и ќе можат да се покажат пред домашната публика на настанот кој е на програмата од 26 април до 7 мај.

-Очекувам да бидат подготвени за Мадрид. Алкарас овде ја брани титулата, а Надал ако е здрав, секогаш е кандидат за конечна победа. Сега на земја нема некој јасен фаворит на земја како што беше случај со претходните години, -порача Фелисијано.

Мината година Алкарас во големото финале го надигра Александер Зверев со 6-3 и 6-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни