Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул подготвува уште еден значаен трансфер (ВИДЕО)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LFC

Премиерлигашот Ливерпул одлучи ова лето убаво да ја освежи, засили средината на теренот, па веќе се комплетирани, затворени две важни зделки со кои се ангажирани репрезентативците на Аргентина и Унгарија, Алексис Мек Алистер и Доминик Собослаи.

Меѓутоа по се изгледа „црвените“ не планираат тука да застанат и веќе се подготвуваат за нов трансфер со кој дополнително ќе се испразни клупската каса. Медиумите на островот пренесуваат дека Јирген Клоп сега ќе тргне по услугите на 19-годишниот Ромео Лавија од Саутемптон.

Белгиецот имаше добра сезона во дресот на „светците“ и покрај тоа што тие испаднаа од Премиер лигата, па тимови како Арсенал и Ливерпул се заинтереснирани за неговиот потпис.

Саутемптон бара најмалку 50 милиони фунти за Ромео кој веќе дебитираше и за А репрезентацијата на Белгија што е уште еден показател дека се работи за талентира, квалитетен играч од кого доправа ќе го видиме најдоброто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни