Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул ја отвори годината со победа против Њукасл (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LFC

Ливерпул не реализираше пенал и многу шанси во првото полувреме, долго се мачеше и во вториот дел со одбраните на Дубравка и цврстата одбрана на Њукасл, но на крајот стигна до заслужени три бода (4:2) на дербито на „Енфилд“.

Домаќините доминираа на теренот, испратија повеќе од 30 удари кон голот на Дубравка, а првата голема шанса не ја искористи Мо Салах.

Египетскиот репрезентативец не реализираше пенал бидејќи беше одлично прочитан од Дубравка во 22. минута, а Александер-Арнолд не реализираше зицер од одбиената топка до која дојде по одбраната на гостинскиот голман.

Во вториот дел „црвените“ поведоа преку Салах во 49. минута, но Њукасл успеа од едно добро уфрлување на Исак да го врати натпреварот на почеток.

Победата на Ливерпул ја најави Џоунс кој заврши една одлична акција на Ливерпул за 2:1, додека резервистот Гакпо погоди за 3:1 во 78. минута.

Њукасл барем привремено ја врати неизвесноста со голот на Ботман по добро изведен корнер од десната страна и реализација со глава, но Дубравка направи прекршок над Жота во својот шеснасетник, по што Салах успеа да го совлада од пенал за конечни 4:2.

Со оваа победа, Ливерпул има три бода предност во однос на Астон Вила, а пет бода повеќе од Арсенал и Манчестер Сити, со тоа што шампионот има натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни