Поврзете се со нас

Балкан

Ливаја сакаше да го понижи тимот на Ангеловски, па се посрамоти (Видео)

Објавено

на

Горица на поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски издржа само едно полувреме против Хајдук, а на крајот сепак фаворитот славеше со 3:1.

Неколку големи грешки на гостинските дефанзивци придонесоа за хрватскиот фенерџија да доживее уште еден пораз во лигата, а Марко Ливаја пропушти шанса да стигне до хет-трик.

Ливаја постигна еден гол од пенал и еден од игра, но во завршницата не успеа да стигне и до третиот гол.

Хајдук доби уште еден пенал, но Ливаја реши да шутира со „паненка“ и на тој начин да ја покаже надмоќноста над противникот, за ударот да му заврши преку голот и самиот да се смее на своја сметка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни