Поврзете се со нас

Свет

Летонија постигна бизарен автогол за само 14 секунди по почетокот на мечот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/kajbumba

Летонската фудбалска репрезентација вечерва одигра пријателски натпревар со Лихтенштајн, а противникот доби неочекуван, но квалитетен подарок од противникот.

Уште по само 14 секунди од почетокот на средбата, Летонците по неколку додавања се најдоа во бизарна ситуација, во која Марсис Ос наместо да го проигра својот голман, ја испрати топката во мрежата на летонскиот гол.

Судијата и сам беше изненаден од развојот на настаните, но рутински покажа кон центарот, најавувајќи ја големата радост на Лихтенштајн.

Во продолжение, Летонија сепак израмни по само 10 минути, но не успеа да направи целосен пресврт па натпреварот заврши со конечни 1:1.

Погледнете го погодокот тука

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни