Поврзете се со нас

Германија

Леао објасни зошто секогаш игра со насмевка на своето лице

Објавено

на

foto:twitter.com/IFTVofficial

Рафаел Леао е еден од најдобрите играчи на калчолигашот Милан, играч кој кога е во ритам, форма едноставно е незадржлив за противниците и тоа го има покажано во повеќе наврати низ досегашната кариера.

Португалецот воедно важи за фудбалер кој ретко се нервира, односно речиси постојано го гледаме како игра со насмевка на своето лице.

Токму за овој „феномен“ проговори Леао, односно објасни зошто е така.

-Секој има свои тикови, свој начин на покажување кога прават нешто што не го сакаат. Мојот уште кога бев помлад, јас секогаш ги покажував забите и го искажував она што сакам да го правам. Затоа секогаш се смеам, но тоа е нешто што немате идеја дека може природно да се случи, -истакна напаѓачот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни