Поврзете се со нас

Светски првенства

Лазаров направи една промена, Јагуриновски сепак нема да игра (Фото)

Објавено

на

Кирил Лазаров пред вчерашниот тренинг беше оптимистички настроен кога е во прашање Томи Јагуриновски, но за жал непосредно пред мечот со Аргентина, селекторот и неговиот стручен штаб решија да не ризикуваа со десниот бек.

Томи се повреди на натпреварот со Норвешка и не играше против Холандија, но повредата очигледно бара подолга пауза и не е во ростерот за настап и против Аргентина.

Македонија денеска во 18:00 часот ќе решава за својата судбина на Светското ракометно првенство, бидејќи победа не носи во следната фаза која гарантира уште три натпревари.

Селекторот Лазаров направи само една промена кога е во прашање последниот меч одигран на мундијалот, потег со кој ја засилува пикерската позиција.

Костадин Петров го менува Михајло Младеновиќ, па очекувањата се да добие шанса како резерва и да ја искористи својата минутажа какошто го направи тоа со Норвешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни