Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров ќе ги бара најдобрите кадети од Македонија меѓу 39 играчи (Фото)

Објавено

на

Кирил Лазаров како капитен на најсилната селекција и селектор на сите машки репрезентации во нашата земја има нова задача како тренер неколку дена по завршниот турнир во Лигата на шампионите, бидејќи ќе прави избор од млади ракометари за претстојниот кадетски ЕХФ шампионат.

Лазаров објави список од дури 39 ракометари јасно стави до знаење дека ќе им даде шанса на многу млади играчи кои сакаат да се докажуваат, а потоа ќе направи пресек и само оние кои најмногу ќе прикажат ќе се најдат на завршниот список во месец август.

Подготовките ќе започнат со 39 играчи и повеќе е очекувано е дека ќе следат неколку пресеци од селекторот пред да се состави конечниот список за шампионатот кој носи пласман на Европското првенство во кадетска и младинска категорија.

Првиот собир на кадетите Кире го закажа на 22-ри овој месец, а истиот ќе се одвива наутро во 8:30 часот во салата во Автокоманда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни