Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лацио му нанесе нов удар на Баерн, ПСЖ го скрши отпорот на Сосиедад (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialSSLazio

Баерн Минхен доминираше на теренот и посакуваше победа на гостувањето кај Лацио во Рим, но домаќините се тие кои остварија голема победа на првата средба (1:0) од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Избраниците на Томас Тухел имаа повеќе посед на топката, но нападите не беа конкретни и Баерн го заврши дуелот без удар во рамките на голот, а домаќините казнија по една голема грешка на Упамекано.

Францускиот дефанзивец стартуваше грубо и заработи црвен картон, а Лацио го реализираше пеналот преку Имобиле за конечни 1:0.

ПСЖ стигна до посакуваниот резултат против Реал Сосиедад (2:0), а го скрши отпорот на шпанскиот ривал во вториот дел.

Најпрвин Килијан Мбапе го искористи невниманието на гостинската одбрана во 58. минута за 1:0, а конечните 2:0 ги постави Баркола тринаесет минути подоцна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни