Поврзете се со нас

Италија

Крај на приказната: Интер се повлече од трката за Лукаку, Белгиецот сега има две опции

Објавено

на

Ромелу Лукаку нема да продолжи да го носи дресот на италијанскиот великан Интер кој одлучи да се повлече од трката за неговиот потпис.

Напаѓачот ја мина претходнава сезона на „Џузепе Меаца“ и тоа како позајмен играч од Челси, па „нероаѕурите“ беа одлучи да пронајдат заеднички јазик со премиерлигашот и со официјален трансфер да го доведат напаѓачот во своите редови.

Еверопскиот вицешампион бил подготен да понуди 35 милиони евра, плус уште 5 милиони евра за да го доведе Лукаку, но во меѓувреме играчот и неговите агенти биле на жица и со Јувентус што донесе проблеми на релација играч-клуб затоа што во Интер сметале дека тоа е забивање нож во грб.

Поради сето ова „нероаѕурите“ решиле да стават крај на оваа приказна и се повлекле од преговорите, одлука за која бил известен и самиот фудбалер во разговор кој наводно траел само 30 секунди.

Сега за Ромелу остануваат две опции, едната е Јувентус ама за да се реализира истата ќе треба да бида продаде Душан Влаховиќ. Втората е преселба во Саудиска Арабија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни