Поврзете се со нас

Европски првенства

Ковид проблем во Португалија: Заврши првенството за еден од клучните играчи на репрезентацијата

Објавено

на

И покрај строгите протоколи на еврошампионатот, Ковид-19 се уште создава проблеми на репрезентациите и нивните репрезентативци.

Од таборот на португалската селекција и официјално потврдија дека нивната ѕвезда, Жоао Кансело е позитивен на коронавирусот и поради тоа ќе го пропушти настапот на Европското првенство.

Кансело бил тестиран во текот на вчерашниот ден, а утрово пристигнале резултатите по што тој веднаш бил ставен во изолација. Како резултат на неговиот позитивен тест следело тестирање на сите членови на португалската експедиција и сите останати тестови биле негативни.

Кансело кој зад себе остава феноменална сезона во Манчестер Сити ќе биде заменет од фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој сезоната ја помина како позајмен фудбалер во Милан, Диого Дало за кого ова ќе биде деби во сениорскиот национален тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни