Поврзете се со нас

Англија

Конте посочи уште колку време му е потребно на Тотенхем за да биде топ екипа

Објавено

на

Италијанскиот стратег, Антонио Конте веќе некое време е во таборот на Тотенхем, тим со кој се обидува да изгради нешто посебно, да биде конкурентен со најдобрите и во позиција на освојува титули.

Секако оваа мисија, поставена цел не е лесна и за тоа е свесен самиот Конте кој сепак верува дека со уште два преодни рока „петлите“ ќе можат да станат врвна екипа.

-Во споедба со минатата сезона, нашиот состав е покомплетен. Сепак за да ги достигнеме другите тимови на врвот, ни треба време, трпение и преодни рокови. Најмалку два трансфер периоди за да го достигнеме истото ниво со ривалите во борбата за трофеи, -вели Италијанецот кој не е сигурен дали Тотенхем ќе дојде до уште некој потпис до крајот на преодниот рок.

-Разговарав со раководството на клубот и го кажав своето мислење, но се ќе биде во ред дури и ништо да не преземеме. Со новите играчи почнавме да работиме пред само месец и половина. И мислам дека на крајот мојот избор беше вистинскиот, бидејќи во првите натпревари забележавме четири добри резултати. Кога треба да играте на секои три дена, мора да ги ротираме и играчите. Момците мора да сфатат дека понекогаш мора да седнат на клупата, да бидат заменети… Ова е периодот во кој клубот треба да разбере дали навистина сме целосно екипирани или би можеби подобро, -потенцира Конте.

Составот од Лондон по 4. кола има 10 бода во ПЛ и е на делба на второто место со Сити и Брајтон, поточно подобар од нив е само Арсенал кој има перфектни четири од четири.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни