Поврзете се со нас

НБА

Кер не знае кој е најдобриот играч од Европа: Кој е овој со број седум? (ВИДЕО)

Објавено

на

Во НБА лигата се играа подготвителни натпревари за новата сезона, а во еден од нив амбициозниот Голден Стејт Вориорс оствари победа над Сакраменто Кингс од 121-115.

Куминга со 28 поени и 6 скока беше играчот кој беше најдобар на теренот во меч кој беше одбележан и од реакцијата на „воините“, Стив Кер.

Кер е познат како човек кој има посочено дека ја следи европската кошарка, но рано утрово падна на еден лесен испит со оглед на тоа што не знаеше кој е најдобриот играч од Европа, поточно МВП на Евролигата за претходната сезона.

Александар Везенков по неколку добри сезони во Олимпијакос се реши да се испроба во НБА и ќе го носи дресот на „кралевите“.

Тој влезе во игра во завршницата на првата четвртина, а реакцијата на Кер беше следна:

-Кој е овој со број седум? -праша Стив по што мораше дополнително да истражува да го дознае името на Бугаринот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни