Поврзете се со нас

Свет

Канте издоминира со атрактивен гол и асистенција, Ал Итихад се врати на врвот на табелата (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ittihad

Карим Бензема не беше во составот на Ал Итихад на денешниот натпревар против Ал Фатех, но неговото отсуство беше одлично покриено од најдобриот настап досега на сонародникот Н’Голо Канте.

Францускиот фудбалер издоминира на денешната средба и е најзаслужен што избраниците на Нуно Еспирито Санто победија со пресврт и резултат 2:1.

По водството на гостите, следуваше асистенција на Канте до Ромарињо за израмнување, за самиот Канте да реализира атрактивно во надополнувањето на првиот дел, поставувајќи го конечниот резултат.

Со оваа победа, Ал Итихад се врати на врвот на табелата во првенството на Саудиска Арабија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни