Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Канте и Кукурелја промашија зицери, Жиру не реализираше пенал, но погоди „од трета“ (Видео)

Објавено

на

Челси го отвори дуелот со Реал Мадрид во многу подобро издание во споредба со претходните свои настапи, а Н’Голо Канте можеше да донесе и значајна предност за премиерлигашот уште во почетната фаза.

Французинот се најде сам во шеснаесетникот во Реал, но не успеа да го погоди ниту голот на Куртоа, додека менаџерот Френк Лампард се држеше за глава поради пропуштената шанса.

На италијанското дерби во Неапол, Милан доби пенал по стартот на Руи над Леао, но Жиру не реализираше, односно Мерет добро го прочита и успеа да го одбрани ударот на францускиот фудбалер. Жиру подоцна имаше уште една голема шанса, но Мерет повторно со импресивна одбрана го остави Наполи на 0:0 на ова четвртфинално дерби во ЛШ.

Сепак. Жиру не ја испушти и третата шанса, па одличната контра на Леао ја претвори во погодок во финишот на првиот дел за водство на гостите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни