Поврзете се со нас

Репрезентација

Кадетите со лекција за Црна Гора на СП во Хрватска

Објавено

на

Кадетската репрезентација на Македонија издвојува убедлива победа над Црна Гора од  29-20 на вечерашниот меч од второто коло во групата Ф на Светското првенство кое се одржува во Хрватска.

Пред два дена нашите надежи рамноправно се носеа со фаворизираната Норвешка и малку фалеше и тука да дојдат до позитивен резултат, но дека избрниците на Стојановиќ се во добар ритам покажа денешниот натпревар во кој ги надигравме Црногорците и сме на добар пат да обезбедиме пласман во главната фаза.

Во двете полувремиња одигравме добра одбрана, примивме по 10 гола со тоа што во вториот дел бевме далеку поефикасни и дадовме 17 гола (12-10, 17-10).

За играч на натпреварот беше прогласен голманот Давид Брестовац .

Третата рунда ни носи пресметка со Грузија, селекција која убедливо загуби од Црна Гора и Норвешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни