Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед ангажираше уште еден искусен оперативец за кого морал да плати отштета

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/INEOS

Манчестер Јунајтед ангажираше уште еден искусен оперативец кој ќе го засили менаџментот, како дел од промените кои ги наметна новиот косопственик Џим Ретклиф.

На „Олд Трафорд“ пристигна Џејсон Вилкокс, кој досега беше спортски директор на Саутемптон, а во Манчестер Јунајтед ќе ја извршува функцијата технички директор.

Јунајтед потврди дека договорил одредена финансиска компензација со Саутемптон за Вилкокс да го преземе новото работно место уште веднаш.

Вилкокс претходно 11 години извршувал функција во младинската академија на Манчестер Сити, а од градскиот ривал веќе е обезбеден и Омар Берада, кој доби уште поодговорна функција на „Олд Трафорд“ и веројатно е главен виновник и за ангажирањето на поранешниот фудбалер на Блекбурн.

Наредниот период се очекува Јунајтед да го потврди пристигнувањето и на Дан Ешворт, кој засега има обврски кон Њукасл, но одамна му соопштил на актуелниот работодавец дека планира да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни