НБА
Јокиќ со брутално издание го мина Леброн на вечната листа (Видео)

Американските медиуми пренесоа дека Никола Јокиќ се повредил на последниот тренинг на Денвер пред мечот со Њу Орлеанс, па иако неговиот настап беше доведен во прашање, на крајот Србинот стисна заби и издоминира на теренот за победа на шампионот.
Маестралниот МВП играч во НБА лигата продолжи да пишува своја историја и запиша нови бројки кои го искачуваат на вечната листа, па така сега е четврти најдобар кошаркар со трипл-дабл ефект во историјата.
Јокиќ запиша 35 поени, 14 скокови и 12 асистенции во победата над Пеликанс која беше остварена со резултат 134:116, па на тој начин стигна до 108-ми трипл-дабл во кариерата, надминувајќи ги Леброн Џејмс и Џејсон Кид кои сега паднаа на петтото место.
Србинот со брутално издание покажа дека противниците не можат да го сопрат и во ситуација кога не е максимално подготвен за игра, а воедно ова беше најдобар учинок за него во новата сезона.
Со 108-от трипл-дабл, Јокиќ сега заостанува за 30 од третопласираниот Меџик Џонсон, Оскар Робертсон има 181, а Расел Вестбрук 198.
Most Triple Doubles in NBA History (Win %):
198 — Russell Westbrook (73.2%)
181 — Oscar Robertson (72.4%)
138 — Magic Johnson (78.3%)
108 — Nikola Jokic (81.5%)
107 — LeBron James (76.6%)
107 — Jason Kidd (71.0%) pic.twitter.com/CGEGpFsQ0a— StatMamba (@StatMamba) November 7, 2023
НБА резултати:
Детроит – Голден Стејт 109:120
Индијана – Сан Антонио 152:111
Орландо – Далас 102:117
Филаделфија – Вашингтон 146:128
Бруклин – Милвоки 125:129
Мајами – ЛА Лејкерс 108:107
Њујорк – ЛА Клиперс 111:97
Чикаго – Јута 130:113
Хјустон – Сакраменто 122:97
Минесота – Бостон 114:109
Оклахома – Атланта 126:117
Денвер – Њу Орлеанс 134:116
-
Италијапред 19 часа
Де Лаурентис по гала вечерта во Италија: Децата во Неапол научија важна работа
-
Англијапред 11 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 13 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 21 час
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Шпанијапред 21 час
На Симеоне му здосади од Чави: Мораш да го опоменеш, не си ја затнува устата…… (Видео)
-
Балканпред 14 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Светпред 12 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Светпред 15 часа
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…