Поврзете се со нас

НБА

„Јастребите“ ќе имаат нов тренер: Мекмилан доби отказ од Атланта

Објавено

на

foto: https://twitter.com/BleacherReport

Нејт МекМилан нема повеќе да го предводи составот на Атланта Хокс, објави тимот од Џорџија.

Поранешниот клуб на Перо Антиќ реши да ја искористи оваа мала пауза во НБА лигата, односно да преземе конретен чекор и се раздели со тренерот кој ја извршуваше оваа функција од 2020 година. „Јастребите“ во актуелнава кампања имаат учинок 29-30 (победи/порази) и се осми на Истокот што дефинитивно не е резултат кој ги задоволува главните луѓе во Атланта поради што е отпуштен 58-годишниот Мекмилан.

-Одлуките како овие, особено во текот на сезоната, секогаш се исклучително тешки, но веруваме дека е во најдобар интерес на нашиот тим да оди напред со друг глас што ќе го води патот, -порача генералниот менаџер Лендри Филдс.

Привремено решение ќе биде Џо Прунти. Според „ЕСПН“ новиот тренер на Атланта ќе се бара меѓу Квин Снајдер, Кени Еткинсон и Чарлс Ли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни