Поврзете се со нас

Шпанија

Изненадувачки ангажман: Бенитез се враќа во Ла Лига

Објавено

на

Рафаел Бенитез подолго време е надвор од секојдневните активности и последен негов клуб беше Евертон, но после неполни две сезони, искусниот стручњак по се изгледа ќе се врати во тренерските води.

Тоа го пренесоа сите угледни медиуми од шпанската престолнина, а веста ја потврдија и познатите „Марка“ и „АС“ кои како редакции имаат навистина добар однос со претставниците на Рафа.

Бенитез после долги години решил да се врати во родната земја и повторно да биде тренер во Ла Лига, откако си подал рака со водечкиот човек на Селта Виго.

Клубот од Галиција решил својот спортски проект за новата сезона да го предаде во рацете на Бенитез, кој дал зелено светло за ангажман и сега треба да се прецизираат само последните детали.

Рафа последно работеше во Шпанија во сезоната 2015-16 кога имаше неуспешна етапа во Реал Мадрид, а претходно оствари огромен успех со Валенсија кога ја освои и титулата во Ла Лига во 2004-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни