Поврзете се со нас

Италија

Италијанците ја прекинаа црната серија која започна со голот на Трајковски

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Azzurri_En

Италијанските фудбалски фанови останаа шокирани откако нивните најдобри фудбалери минатата година загубија од Македонија и останаа без можност да се борат за пласман на Светското првенство во Катар.

Но, голот на Алекс Трајковски во Палермо се покажа и како најава за една катастрофална серија за италијанскиот фудбал, серија која беше прекината вчера.

Италија конечно оствари победа во финале, триумфирајќи на Европското првенство за играчи до 19 години. Италијанците ја совладаа Португалија со 1:0 и официјално ставија крај на долгиот пост на земјата со голема фудбалска традиција.

Претходно, Италијанците загубија уште во полуфиналето на завршниот турнир на Лигата на нации, додека репрезентацијата за играчи до 20 години загуби во финалето на Светското првенство од Уругвај.

На клупски план, Рома, Фиорентина и Интер загубија во финалните натпревари во Лига Европа, Конференциската лига и Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни