Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги оствари убав јубилеј, Интер на три победи од титулата во Серија А (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Интер го затвори 30-то коло во Серија А со очекувана победа и нови три бода, но триумфот посебно ќе му значи на Симоне Инѕаги кој вечерва оствари убав јубилеј на „Џузепе Меаца“.

На својот 150-ти официјален меч како тренер на Интер, Симоне стигна до 100-та победа и истата беше извојувана над Емполи, тим кој оваа сезона се бори за опстанок во елитата.

Интер не блескаше на овој меч и направи онолку колкушто беше потребно, а луѓе на одлука беа Димарко и Алексис Санчес кои погодија во првото, односно второто полувреме.

Со новите три бода, Интер повторно се врати на плус 14 од Милан, па сега го делат само три победи од математички обезбедување на титулата во домашното првенство.

Интересно, третиот меч ќе биде оној против Милан, па големото дерби на „Сан Сиро“ може да го донесе новиот италијански шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни