Поврзете се со нас

Италија

Играчот кој е трансфер желба на Милан: Тој е еден од најголемите клубови на светот…(ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Големите клубови размислуваат и за иднината, па веќе се планираат одредени потези, планови за летниот преоден рок.

Милан дефинитивно е еден од нив и калчолигашот дефинитивно разгледува опции кои ни го зголемиле квалитетот, играчи кои ќе можат да одговорат на предизвиците и воедно помогнат во остварување на зацртаните цели. Еден од фудбалерите кој е интересен за „росонерите“ е Јусуф Фофана од Монако, играч кој има 25 години и ја покрава средината на теренот.

Тој е 2022 година настапува и за француската селекција што доволно говори за квалитетот што го посакува.

-Мислам дека Милан е навистина голем клуб. Сите го знаат Милан и неговата листа на успеси. Ама покрај муабетот во Италија, останувам фокусиран на мојата мисија да го донесам Монако во Лигата на шампионите што ќе биде како маратон. Од сега до крајот на сезоната секој натпревар е како финале. Остануваат уште седум да се играат. Мора да ’најдеме’ бодови и треба да дадеме се на секој натпревар. Кога играте за Монако, знаете дека Лигата на шампионите е природна цел на клубот, -рече Фофана и додаде:

-Како што веќе рековме, Милан е еден од најголемите клубови во светот со важен кабинет за трофеи, но мојот фокус во моментов е да се квалификувам за Лигата на шампионите со Монако, -истакна Јусуф кој има договор до 30 јуни 2025 година.

Фофана е проценет на околу 30 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни