Поврзете се со нас

Англија

Хаверц: Ми дава самодоверба, со Потер имам слобода во мојата игра

Објавено

на

Челси го потврди статусот на фаворит и ги освои трите бода на лигашката битка против Борнмут на „Стемфорд Бриџ“.

Домаќините славеа со 2-0, а во фокусот на вниманието беше германскиот репрезентативец Каи Хаверц кој постигна гол и запиша асистенција при погодокот на Мејсон Маунт. Со ова „синиите“ ја прекинаа лошата резултатска серија во Премиер лигата, а Хаверц го издвои менаџерот Грем Потер каде клучен за неговото издание.

-Потер ми дава слобода да правам се што сакам и се чувствувам сигурно на теренот. Сакам да играм слободно и да бидам во шестанесетникот. Тој ми дава голема самодоверба, -рече Германецот.

Следната средба за „сините“ е против Нотингем Форест на 1 јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни