Поврзете се со нас

Италија

Хандановиќ направи анализа и го посочи главниот проблеми на Интер во оваа сезона

Објавено

на

Интер сака да ја нападне титулата во Серија А во оваа сезона, но клубот од Милано се соочува со доста проблеми на почетокот на кампањата и по седум кола веќе има три порази од кои последниот денеска беше против Удинезе (3-1)

Ова дефинитивно никој не го очекуваше во таборот на италијанскиот вицешампион, а тоа што е интересно е што сите лигашки порази се по водство на Интер, односно така беше против Лацио, потоа Милан и сега против тимот на нашиот интернационалец Илија Нестровски.

-Најпрво, честитки за Удинезе, заслужија да победат и освоија се што требаше да се освои, почнувајќи од дуелите. Тие беа поинтензивни од нас, ама мора да се каже дека до 1-1 беше во рамнотежа. Обично тие што го сакаат повеќе тоа го заслужуваат. Да речеме дека направија многу повеќе од нас, тие заслужија да победат, -истакна капитенот Самир Хандановиќ кој потоа направи анализа на мечевите на кои Интер доживеа неуспех.

-Тоа беа различни натпревари, но на крајот резултатот беше ист. Кога овие работи се случуваат, не е добро, мора да анализирате што се случува и малку да зборувате. Тимот кога брани го прави тоа со десетмина плус голманот. Ја изгубивме компактноста што ја имавме претходно, а тогаш зависи од многу работи, ако направиш технички грешки и ја изгубиш топката, отворен си, ризикуваш.

-Денеска примивме два гола од прекини, тоа значи дека нема фокус. Работите се проучуваат. Кога работите се случуваат, лесно е да се анализира, но сè е јасно, -порача ветеранот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни