Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон со победа во Турција ја потврди седмата Ф1 титула

Објавено

на

Луис Хамилтон победи на хаотичната трка во Турција, со што официјално ја потврди седмата титула во Формула 1 шампионатот.

Пилотот на Мерцедес долго време се мачеше со сопирачките на влажната патека во Истанбул, но на крајот не само што ја потврди титулата, туку стигна и до уште една победа сезонава.

Трката започна лошо за Макс Ферстапен кој имаше катастрофален старт, но и за Валтери Ботас кој се изврте, па до крајот стигна само до 14. позиција на оваа трка, што само по себе го носеше Хамилтон кон потврда кон титулата. Возачот на Ред Бул подоцна направи уште една грешка, па остана без место на подиумот.

Најголем напредок забележаа возачите на Ферари, кои имаа солиден старт, посебно Себастијан Фетел кој обезбеди и место на подиумот како третопласиран, додека Шарл Леклер се најде на четвртата позиција. Меѓу тандемот со црвен болид и победникот се најде Серхио Перез од Рејсинг Поинт.

Пласман до десеттото место и поени обезбедија и Саинц, Ферстапен, Албон, Норис, Строл и Рикардо.

Седмата титула за Хамилтон значи негово израмнување со рекордерот Михаел Шумахер, додека зад нив останува Хуан Мануел Фанџо со пет Ф1 трофеи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни