Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон ги откри последиците од трката во Баку и дали планира да ја пропушти трката во Канада

Објавено

на

Луис Хамилтон чувствуваше сериозни последици од честото потскокнување на болидот на Мерцедес за време на трката во Азербејџан, а тимскиот шеф Тото Волф навести дека Британецот дури може да ја пропушти трката во Канада.

Неколку дена подоцна Британецот излезе со јасен став за случувањата во Баку, но и потенцираше дека не планира да го пропушти следниот гран-при викенд.

– Имав тешка трка по која 0станав и без сон.

– Чувствувам болки во грбот, веројатно има одредени последици, но за среќа не е ништо сериозно.

– Акупунктурата и физиотерапијата ми помогнаа и подготвен сум да работам со тимот, продолжуваме да се бориме и не би ја пропуштил трката во Канада по никоја цена, – изјавил Хамилтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни