Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола му одговори на Ширер: Можеби знае подобро од мене…

Објавено

на

Манчестер Сити ги прави завршните подготовки пред дерби дуелот со Ливерпул кој е закажан за утре од 17:30 часот на „Енфилд Роуд“.

„Граѓаните“ ги посакуваат три бода, а нивното најголемо оружје за остварување на таа цел ќе биде Ерлинг Халанд кој сезонава „грми“ и веќе има 20 голови во сите конкуренции од кои 15 се во Премиер лигата.

Овие партии на Норвежанецот изненадија многумина, постојано добива комплименти, но утре ќе има нов тест и тоа против една од двете екипи која успеа да го задржи во актуелнава кампања, односно да не им даде погодок.

Тоа се случи во Комјунити Шилд, па Ерлинг ќе има дополнителна мотивација ова да го промени на утрешната пресметка.

Во пресрет на овој меч најдобриот голгетер во историјата на ПЛ, Алан Ширер порача дека Хари Кејн ќе имал ист учинок како Халанд ако го носел дресот на Сити, коментар кој допре до Пеп Гвардиола кој кратко и јасно порача:

Ширер: Кејн би постигнал ист број голови во Сити како Халанд

-Не знам. Немам способност да знам што би се случило кога Кејн би бил тука. Алан беше напаѓач, можеби тој знае подобро од мене, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни