Поврзете се со нас

Англија

Гундоган го реши Јунајтед, па се огласи за својата иднина: Не ми се потребни вакви денови…

Објавено

на

Манчестер Сити ја доби пресметката со Манчестер Јунајтед (2-1) и на тој начин дојде до вториот трофеј во оваа сезона.

Херој на „граѓаните“ во дуелот во ФА Купот беше Илкај Гундоган кој беше автор на двата погодоци, а по средбата искусниот германски ас кратко проговори за неговата иднина.

Неговиот договор му завршува на крајот на овој месец, па тој најмногу се поврзува со преселба во Барселона, се споменуваат исто и Милан, Арсенал, а по се изгледа актувна е опцијата и да остане на „Итихад“,

-Не ми требаат вакви денови за да се чувствувам ценето и да се чувствувам посебно во овој клуб. Го знам тоа и затоа сум тука седум години. Сè уште ништо не е решено, ќе видиме што ќе биде, -рече Илкај.

Во однос на оваа тема се огласи и менаџерот Пеп Гвардиола.

-Илкај знае што мислам. Можеби некој од вас знае дека сме соседи, живееме на ист кат од истиот блок, па многу години ми е близок пријател. Чики работи на договорот и се надевам дека ќе го направи тоа и ќе можеме да завршиме на добар начин.

-Тој е исклучителен играч и има постигнато многу важни голови како денес. Кој би можел да ги заборави двета против Астон Вила минатата сезона кога ја освоивме титулата, -истакна Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни