Поврзете се со нас

Светски првенства

Гризман: Мароканците ме импресионираа, Дешамп го реши мечот со тактичката промена

Објавено

на

Антоан Гризман беше избран за МВП на второто полуфинале од страна на ФИФА, што беше само награда за извонредното издание кое го имаше против Мароканците.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид не постигна ниту еден од двата гола, немаше ниту улога на асистент, но беше на речиси секој дел од теренот и помагаше и во одбрана и во напад.

По победата од 2:0, Гризман пред француските новинари зборувал за второто финале кое ќе го игра на Светските првенстав, но и за добрата игра на противникот кој е најголема сензација на овој мундијал во Катар.

– Секогаш е поинаку кога доживувате нешто по вторпат. Сега сум многу посмирен, нозете ми се цврсто на земја и ќе бидам поконцентриран за случувањата во недела.

– Мароканците ме импресионираа со својот пристап на игра. Тактички беа навистина добри, и офанзивно и дефанзивно. Ни направија многу проблеми, но добро е што тренерот го сфати тоа и направи промени во вториот дел. Влегувањето на Маркус (Турам) по левата страна ни отвори многу простор, имавме повеќе луѓе кои му помагаа на Тео во дефанзива. Поради тоа постигнавме втор гол и тоа ни донесе сигурност и мир, – изјавил Гризман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни