Поврзете се со нас

Англија

Грин откри со каков прст ја завршил кариерата и ги шокираше англиските фанови (Видео)

Објавено

на

Професионалната кариера на Роберт Грин траеше повеќе од 20 години и своевремено беше прв голман на англиската фудбалска репрезентација, но денеска самиот тој откри дека има и една очигледна последица од безрезервното жртвување на теренот.

Грин стави крај на својата кариера како член на Челси пред две години, a сега како вип гостин во продукцијата на Премиер лигата по повод големото дерби меѓу Челси и Сити кое се одигра денеска, обелодени како изгледа неговиот мал прст на десната рака.

Екс голманот порача дека Џими Флојд Хаселбанк е причината за ваквиот изглед на неговиот прст по ситуација која се случија пред 15 години, што го шокираше и напаѓачот кој денеска беше негов соговорник.

Хаселбанк не веруваше баш во верзијата на Грин, но овој се надополни и откри дека последните неколку години од кариерата бранел со ваков прст и тоа не му претставувало никаков проблем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни