Поврзете се со нас

Балкан

Гол и асистенција за Адеми, Динамо го уништи Хајдук во големото хрватско дерби (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Динамо Загреб го прегази Хајдук со убедливи 4-0 во денешното дерби во првата хрватска лига.

Дуелот на „Максимир“ требаше да биде вистински празник на фудбалот, да има надигрување меѓу двата големи ривали, но натпреварот имаше само еден правец што е уште еден доказ дека Динамо и понатаму е недопорлив, класа над сите во хрватскиот фудбал.

Аријан Адеми беше директно инволвиран во првите два гола за Динамо, поточно прво беше стрелец, а потоа и асистент при погодокот на Батурина. До крајот на првиот дел Иванушец зголеми на 3-0 за да во вториот дел истиот овој играч стави точка на шоуто на акруелниот шампион.

Адеми исто како и Стефан Ристовски ги одиграа комплетните 90 минути на мечот. Тимот од хрватската престолнина сега има 11 бода повеќе од второпласираниот Хајдук, но и натпревар помалку што значи може дополнително да ја зголеми предноста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни