Поврзете се со нас

АТП

Ѓорческа на еден чекор од финалето во двојки во Сплит, Ивановски ја мина првата пречка во Дубровник

Објавено

на

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа мина уште едно коло во игра на двојки на ИТФ фјучерсот во Сплит што се игра на земјена подлога за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа настапува во комбинација со Вероника Ерјавец, пар кој направи изненадување во четвртфиналето во кое ги совлада првите носителки Екатерини Горгоѕе и Лејре Ромеро Гормаз со 2-1 во сетови.

Голема борба се водеше на теренот број два, фаворитките отворија со 7-5, Лина и Веронија одговорија со 6-2 по што во одлучувачката „рунда“ беше тензично, неизвесно до самиот крај, поточно македонско-словенечката комбинација беше подобра со 12-10.

Ова значи дека Ѓорческа и Ерјавец ќе обезбедат финале ако ги добијат Сара Бејлек и Луси Хавличкова.

Калин Ивановски пак на турнирот во Дубровник успешно го мина првото коло во поединечна конкуренција каде со пресврт славеше над Матео Донати од Италија. Скоро два часа траеше мечот кој беше завршен со резултат 1-6, 6-3 и 6-0, победа која го донесе Ивановски до дуел со Алдин Шеткиќ (БиХ).

Горазд Србљак пак како „лаки лузер“ беше совладан од Андреј Недиќ со 2-1 во сетови.

Фјучерсот во Дубровник се игра на земја за вредност од 25.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни