Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ направи уште еден историски чекор, само едно име е пред него на вечната листа

Објавено

на

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ направи уште еден историски чекор кога е во прашање вечната листа на овој спорт.

Ѓоковиќ ја започна 333 недела како најдобар рекет на АТП листата, а тоа севкупно донесе да ја мине легендарната Мартина Навратилова. Имено ако се земе заедно машкиот и женскиот тенис, Новак е на второто место на рангирањето или поточно пред него е само уште едно име и тоа е славната Штефи Граф која своевремено мина 377 седмици како рекет број еден.

Познато е дека Ноле во текот на оваа година стана рекордер во машка конкуренција по времето минато на првата позиција, односно го остави зад себе Рожер Федерер.

Кога е во прашање Топ 5 листата по Србинот следуваат Данил Медведев, Стефанос Циципас, Рафаел Надал, и олимпискиот шампион Александер Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни