Поврзете се со нас

Формула 1

ФИА детектираше „човечка грешка“ и ги искара тимските шефови за контроверзната трка во Абу Даби

Објавено

на

Новата сезона во Формула 1 шампионатот повторно започнува во Бахреин, а првиот гран-при викенд е одбележан и со официјалната „пресуда“ на ФИА за контроверзниот финиш на претходната сезона.

Макс Ферстапен стана Ф1 светски шампион победувајќи го на драматичен начин Луис Хамилтон во Абу Даби, а според Мерцедес, директорот на трката Мајкл Маси донел погрешни одлуки со кои влијаел на резултатот, а со тоа и на освојувачот на титулата.

Во меѓувреме Маси ја загуби функцијата, а ФИА денеска потенцираше дека правилата не биле целосно испочитувани поради „човечка грешка“, но исто така им посочи на тимските шефови (Тото Волф и Кристијан Хорнер) дека и пречеле на дирекцијата на трката со своите приговори во решавачките моменти.

Сосема очекувано, ФИА потврди дека победата на Макс Ферстапен е валидна и конечна.

97 дена по трката во Абу Даби, ФИА излезе со најважните заклучоци за ланското финале, а во нив се вели дека можело да има поинаква интерпретација околу повлекувањето на безбедносното возило, но Маси веројатно бил под влијание на претходните дискусии со тимовите, кои самите инсистирале победникот да се решава со трка, наместо зад безбедносно возило.

Во однос на одлуката само неколку болиди да направат „ан-лап“, ФИА ја оцени одлуката како „човечка грешка“, нагласувајќи дека од оваа сезона информацијата за тоа кои возила треба да го престигнат безбедносното возило ќе ја добиваат автоматски.

ФИА го заврши извештајот со напомена дека тимските шефови имале негативно влијание врз завршницата, бидејќи му пречеле на директорот на трката кога требало да бидат донесени тешки одлуки.

Од оваа сезона, Формула 1 ќе има двајца директори на трките во Нилс Витих и Едуардо Фреитас, а ќе им помага и специјалниот советник Херби Блаш кој се враќа во ФИА откако се повлече во 2016 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни