Поврзете се со нас

Формула 1

Ф1 новитет кој ги воодушеви фановите: Новата камера долови како Леклер се бранеше од Ферстапен (Видео)

Објавено

на

credit @Scuderia Ferrari Press Office

Формула 1 трката во Бахреин го означи почетокот на новата сезона, а најави и многу поинаков тек во однос на случувањата од 2021 година.

Фановите се возбудени поради неизвесноста која е најавена со однесувањето на болидите во првата етапа, но реагираа позитивно и на еден новитет во телевизиските преноси.

Формула 1 почна активно да користи сегменти снимени од мини камерите поставени на заштитните кациги на возачите, а тоа носи еден поинаков аспект за начинот на кој тие ги доживуваат решавачките моменти.

Како одличен пример е земен дел од дуелот меѓу Шарл Леклер и Макс Ферстапен и реакциите на возачот на Ферари кој френетично ги проверуваше ретровизорите обидувајќи се да го неутрализира нападот на ривалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни