Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ерера со интересна изјава: Кујперс му рече на Паредес нешто за што ние би добиле суспензија

Објавено

на

Андер Ерера го започна вечерашниот дуел меѓу Манчестер Сити и ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампионите, но не успеа да му помогне на својот тим да обезбеди место во големото финале.

Шпанскиот фудбалер не беше задоволен од голем број одлуки на судијата Бјорн Кујперс, а по натпреварот откри дека Холанѓанецот испратил навреда во негов соиграч.

– Постојано зборуваме за респект кон судиите, но Кујперс вечерва му рече на Паредес „оде.и“. Ако Паредес го кажеше тоа, ќе добиеше суспензија на три-четири натпревари, – изјавил Ерера.

Играчот за врска тврди дека неговата екипа доминирала во добар дел од натпреварот.

– Бевме подобар тим 70 минути, се обидовме се што можеме, постојано напаѓавме. Си заминуваме со високо подигнати глави, – дополнил шпанскиот фудбалер на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни