Поврзете се со нас

Светски првенства

Екс-Ју легенда за мундијалот: Не ми се допадна однесувањето на Пикси

Објавено

на

Резултатите постигнати на СП во Катар ќе бидат анализирани уште долго, а тоа подразбира и најразлични коментари за она што се случуваше на овој мундијал.

Поранешниот југословенски репрезентативец, Златко Вујовиќ, го коментирал настапот на Србија и Хрватска, истакнувајќи го неуспехот на Србите и нивниот селектор Драган Стојковиќ-Пикси.

– Секој од нас има некакви очекувања, но очигледно е дека Србите не беа подготвени ни во главите, ни технички и тактички за овој турнир.

– Медиумските написи како „скокале“ по туѓите сопруги, дали тоа требаше да се појави во јавност? Кога сакате да му умре кравата на другиот, односно да го загуби натпреварот, тоа се враќа на некој начин. Оставете ја политиката на политичарите, војните на генералите, си создаваат негативна енергија која ги разорува.

– Мислам дека Хрватите влегоа со чисти глави, имаме селектор кој е понизен, ги респектира сите. Од друга страна, Пикси ми беше драг како фудбалер и се познаваме, но не ми се допадна неговото однесување, кога пцуе сите знаеме што, а потоа одговорноста ја префрла на фудбалерите. Тоа е најлошото нешто што еден тренер може да си дозволи, па потоа мислам дека и играчите му свртеа грб, – вели Вујовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни