Поврзете се со нас

Англија

Ѕвезда на Арсенал: Не паметам кога последен пат сум играл без болка

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Арсенал се подготвува за првото соочување со Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а останува да се види дали и колку менаџерот Микел Артета ќе направи промени во однос на составот од важната гостинска победа над Брајтон.

Габриел Жезус беше дел од стартните единаесет против „галебите“ и може да добие шанса и вечерва, а во последното интервју тој зборувал за честите повреди и проблемите кои му ги предизвикуваат во кариерата.

Бразилецот го имаше првиот посериозен проблем во декември 2022 година, по што паузираше подолго, а последната година дури три пати паузираше поради повреда на коленото.

– Не паметам кога последен пат сум играл натпревар без да чувствувам болка. Се обидувам да бидам психички силен за да издржам.

– Понекогаш го чувствувам коленото и она што останува како последица, – вели Жезус.

Бразилецот сезонава постигна 4 гола во Премиер лигата.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни