Поврзете се со нас

Конференциска лига

Ѕаниоло конечно го постигна првиот гол за Астон Вила (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AVFCOfficial

Зрињски ќе ја памети оваа европска есен по сензационалната победа која ја оствари над АЗ Алкмар, но и по заслужениот бод кој го освои денеска против најпријатното изненадување во англискиот фудбал.

Астон Вила денеска пристигна во Мостар за да го завери првото место во својата група во Конференциската лига, а тоа го направи со реми од 1:1 кое ги задоволи домашните фанови во Босна.

Зрињски успеа да израмни во самата завршница од мечот и да освои уште еден бод во Европа, но натпреварот ќе се памети и по првиот гол на Николо Ѕаниоло во дресот на клубот од Бирмингем.

Италијанскиот репрезентативец пристигна во Астон Вила како големо засилување во летниот преоден рок, меѓутоа се соочи со доста проблеми поради конкуренцијата, но и поради адаптацијата на новата средина.

Денеска конечно дочека шанса за гол и го скрши мразот во Мостар, што сигурно ќе биде голем потстрек за него откако не одигра ниту една минута на дерби пресметките со Манчестер Сити и Арсенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни