Поврзете се со нас

Италија

Дибала погоди два пати, Рома одржува чекор за Топ 4 пласман

Објавено

на

Рома ја победи Фиорентина во вечерното дерби во Серија А, а во најголем дел од оваа средба играше со фудбалер повеќе.

Бразилецот Додо набрзина доби два жолти картони и во 24. минута ги остави соиграчите на цедило, нешто што Рома го претвори во победа со два гола на Пауло Дибала.

Аргентинецот го отвори резултатот во 40. минута, за на втора асистенција на Ејбрахам да ги постави конечните 2:0 во 82. минута.

Рома има 34 бода, исто колку Лацио и Аталанта и заостанува само три бода зад Интер и Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни