Поврзете се со нас

Италија

Ди Марија ја презема одговорноста за поразот на Јувентус: Јас сум виновен, но и јас сум човек кој прави грешки (ФОТО)

Објавено

на

Јувентус ја продолжи серијата на лоши резултати и претрпе пораз од Монца од 1-0 на средбата од 7. коло во Серија А.

„Старата дама“ се соочи со доста проблеми при подготовката за овој меч за да на теренот искусниот Анхел Ди Марија направи глупост, наседне на провокацијата од Ицо и биде исклучен во првиот дел. Ова Монца го искористи во вториото полувреме и дојде до првиот триумф во Калчото,  а со тоа ја продлабочи кризата на „бјанконерите“.

Ди Марија наседна на провокација и со голема глупост го остави Јуве на цедило (Видео)

Ди Марија е свесен дека ги остави соиграчите на цедило, па по мечот се огласи на социјалните мрежи каде ја презема вината за денешниот неуспех против новајлијата во елитната италијанска конкуренција.

-Сакам да им се извинам на сите за таа несоодветна реакција што ја имав на теренот. Тоа што го оставивм тимот во еден таков тежок момент од сезоната придонесе да го загубиме натпреварот. Моја е вината што загубивме.

-Многу ми е жал. Јас сум професионалец, но и човек кој прави грешки и може да ги препознае. -порача Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни