Поврзете се со нас

Англија

Де Јонг го предупреди Сити пред битката со Арсенал: Мора да се пазат, Артета…

Објавено

на

Првиот ден од 2022 година ни носи фудбал во Премиер лигата, а првиот меч е оној меѓу Арсенал и Манчестер Сити, две екипи кои се во одлична форма.

„Топчиите“ се кренаа по лошиот страт на сезоната и во моментов се на четвртото место на табелата, додека пак Сити гази се пред себе и во победничка серија која им овозможи да избијат сами на врвот и да направат добра предност пред конкурентите.

„Граѓаните“ лесно ја добија првата пресметка против Арсенал со 5-0, но според Најџел Де Јонг сега ситуцијата е сосема различно и избраниците на Пеп Гвардиола мора да бидат внимателни на „Емирејтс“.

-Можам да видам како Арсенал се обидува да се бори против Манчестер Сити овој викенд. Тие се во многу подобра позиција оваа сезона отколку кога двета клуба се сретнаа на „Итихад“. Знаеме дека Сити ќе биде доминантната сила на натпреварот, но Арсенал сигурно ќе донесе многу позитиви во овој натпревар. Тие се во добар пат особено на домашен терен, немаат што да загубат и имаат доверба во начинот на кој играат.

-Ова не е Арсенал што го видовме пред три или четири месеци. Тие имаат способност, исто како Сити формата е на нивна страна. Микел Артета врши одлична работа со младите, тој им даде голема доверба на Мартинели, Сака и Смит Роу, а Лаказет сега е капитен, како еден од поискусните играчи на клубот. Работите се на свое место за нив во овој момент, па во таа смисла, Манчестер Сити мора да внимава.

-Ама не гледам дека Арсенал го добива натпреварот, особено начинот на кој Манчестер Сити игра во моментов. Сите се враќаат од повреди и суспензии, а најмногу Кевин Де Брујне. Само погледнете ја нивната клупа- тоа е застрашувачко. Сити секогаш ќе доминира на натпреварите, ќе го имаат поседот на топката и ќе се трудат да ја задржат на половината на противникот. Гледам дека мечот оди во корист на Сити, но Арсенал добро ќе се бори, -вели Де Јонг за „Ladbrokes“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни