Поврзете се со нас

НБА

Далас доби неочекуван херој во отсуство на Дончиќ, Милвоки ја продолжи негативната серија (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/dallasmavs

Далас го пречека Голден Стејт без Лука Дончиќ во тимот, но доби неочекуван херој во Пи-Џеј Вашингтон, кој го одигра најдобриот натпревар откако е член на Маверикс.

Вашингтон го завршил натпреварот со 32 поени и бил прв реализатор во победата на Далас, а го постигнал и клучниот кош на 4,5 секунди до крајот, по што неговиот тим славеше со 108:106.

Ирвинг додал 26 поени, додека Кари со 28 поени бил најдобар реализатор во редовите на гостинскиот тим.

Милвоки неочекувано загуби пред своите фанови од Торонто, со што врза три порази по ред и си ја загрози втората позиција на Истокот, додека Репторс конечно ставија крај на негативната серија која траеше 15 натпревари.

Отсуството на Јанис Адетокумбо е една од причините за послабиот настап на Бакс, во чии редови се истакнал Лилард со 36 поени. Трент со 31 и Барет со 26 поени биле најдобри поединци во победничкиот тим.

Шарлот – Орландо 124:115

Индијана – Оклахома 126:112

Вашингтон – Портланд 108:102

Бостон – Сакраменто 101:100

Чикаго – Њујорк 108:100

Хјустон – Мајами 104:119

Мемфис – Детроит 108:90

Милвоки – Торонто 111:117

Њу Орлeанс – Сан Антонио 109:111

Далас – Голден Стејт 108:106

Финикс – Минесота 97:87

Л.A Клиперс – Јута 131:102

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни