Поврзете се со нас

АБА лига

Црвена Звезда го израмни големото финале, „мајсторката“ ќе одлучи за шампионот во АБА лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/kkcrvenazvezda

Четвртиот натпревар од финалната серија во АБА лигата донесе доста неефикасен натпревар во кој сите работи се сведоа на играта во одбраната, а во такви услови, Црвена Звезда дојде до втора победа во низа и израмни на 2:2.

Големото финале ќе добие завршен чин со „мајсторка“ меѓу вечните ривали во српската кошарка, по која ќе го добиеме новиот победник во регионалното натпреварување.

Црвена Звезда ја искористи предноста од домашен терен и со претпазлива игра ги користеше грешките на Партизан, па преднсота од седум поени во првата четвртина беше добра увертира за тоа што следеше.

Во вториот период се играше израмнето и на пауза се замина со 32-24, а веќе во третиот период стана јасно дека победата ќе им припадне на „црвено-белите“ кои поведоа и со плус 17.

Партизан не се предаде, во четвртиот период дојде еднаш и до минус пет, но Звезда сепак одолеа и со победа од 68:56 израмни на 2:2.

„Мајсторката“ ќе се игра во „Штарк арената“, а натпреварот е закажан за во четврток во 20:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни