Поврзете се со нас

Германија

Чурлинов погоди за Штутгарт во убедливата победа во Купот на Германија (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов имаше одличен почеток на новата сезона во Германија каде успеа да погоди во првата рунда на Купот кој секогаш е најава за кампањата во Бундеслигата.

Составот на Штутгарт немаше никакви проблеми и славеше над нисколигашот БФЦ Динамо со 6-0. Фаворитот во првиот дел поведе со 2-0 за да во второто полувреме во кое влезе и нашиот Чурлинов ја наполни до врв мреѓата на противникот.

Македонецот својот погодок го даде во самиот финиш, поточно во 88 минута кога на асистенција на Дидави ја затресе мрежата на домашниот тим.

Инаку Даре и компанија сезонава во германското првенство ќе ја стартуваат на 14 август со дуелот на домашен терен против новајлијата во друштвото Гројтер Фирт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни