Поврзете се со нас

НБА

Чикаго ја прекина серијата на Бруклин, Лејкерс победија и без ЛеБрон

Објавено

на

Чикаго Булс се првата екипа по 4. декември која успеа да го победи тимот на Бруклин и да ја прекине фантастичната серија од 12 победи по ред на Нетс.

Домаќините постојано го контролирале резултатот на оваа средба и на крајот заслужено се радувале на победата, а најдобри поединци биле ДеРозан и Вилијамс со по 22 поени.

Првите ѕвезди на Нетс, Дурент и Ирвинг, се истакнаа со 44, односно 25 поени, но тоа не беше доволно за нова победа на Бруклин во НБА.

Л.А Лејкерс го победија Мајами со 112:109, иако првата ѕвезда ЛеБрон Џејмс го пропуштил натпреварот поради болест. Шрудер постигнал 32, а Брајант и Вестбрук по 21 поен за важна победа на Лејкерс, додека кај Мајами, Адебајо го завршил дуелот со 30 поени.

Шарлот – Мемфис 107:131
Кливленд – Фeникс 90:88
Орландо – Оклахома Сити 126:115
Филаделфија – Индијана 129:126 (п)
Њујорк – Сан Антонио 117:114
Торонто – Милвоки 101:104 (п)
Чикаго – Бруклин 121:112
Минесота – Портланд 113:106
Њу Орлеанс – Хјустон 119:108
Голден Стејт – Детроит 119:122
Л.A Лејкерс – Мајами 112:109
Сакраменто – Атланта 117:120

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни